Вучиќ ќе ја извади војската против коронавирусот!?

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се очекува да донесе одлука дали ќе ја употреби војската во цивилни цели, јави Танјуг..

Претседателот синоќа доби проценката на Министерството за одбрана дека ризиците и заканите од пандемија бараат воведување итни мерки под надлежност на Претседателот на Србија.

Министерот за одбрана, Александар Вулин, икзјави дека претседателот на Србија треба да одлучи како да ги искористи своите уставни овластувања во функција на животот и здравјето на граѓаните.

„Вонредната состојба се воведува доколку министерот за одбрана испрати писмо до Врховниот командант, претседателот на државата, дека безбедноста на државата е загрозена и до Собранието, но бидејќи е забрането да се соберат повеќе од 100 луѓе, можно е Претседателот на Србија, Претседателот на Собранието и владата со обичен, троен потпис да воведат вонредна состојба (…) Вонредната состојба бара целосна изолација“, рече Вучиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top