Вучиќ: На Македонија ќе ѝ дадеме брашно

Србија со брашно ќе ја помогне Македонија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на вечерашната прес конференција на која најави полициски час во Србија поради се полошата состојба со Коронавирусот..

Вучиќ се пофали дека ретко која држава во ЕУ е подготвена како Србија во однос на резервите и снабденоста со храна во овие кризни периоди.

Сигурно сме лидери во регионот, па вишокот на резерви ќе ги поделиме на дел од соседните држави, пред се Република Српска, и Босна и Херцеговина, но и Македонија која побара брашно, а ние ќе одговориме позитивно на тоа, рече Вучиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top