Вучиќ: Нема да ја признавам независноста на Косово, можете само да ме убиете

Додека сум претседател нема да ја признаам независноста на Косово, порача синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ пред странските партнери..

-Можете само да ме убиете, но тоа нема да се случи. Еве, им кажувам на сите и на Англичаните и на Германците. Срушете ме, но нема. За 15 години може да биде некој друг претседател, но Вучиќ нема да го признае Косово- порачал Вучиќ, пренесе Танјуг.

Меѓудругото, Вучиќ укажал дека не мора сите да мислат исто за сите прашања, но дека по прашањето за национални и државни интереси е потребен, ако не апсолутно единство, тогаш секако „заеднички именител“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top