Вучиќ: Нема косовска војска да се шета по северот на Косово

Косовска војска нема да се шета по северот на Косово, порача денес претседателот на Србија Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми..

На прашањето за изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека косовските безбедносни сили во иднина ќе можат да се движат и по северот на Косово, без какви било ограничувња, Вучиќ кажа дека не ја видел таа изјава, но дека видел дека многумина изјавиле дека секој може да се движи каде сака, но дека тоа нема така да може.

Тој кажа дека оружените безбедносни сили на Косово на северот може да влезат под два услови – со согласност од НАТО и од локалната, односно српската заедница.

„Дека ја добиле поддршката од НАТО воопшто не се сомневам. Можат да зборуваат што сакаат. Но што се однесува до вториот услов, тој сигурно не е исполнет бидејќи никој не дал дозвола за упад“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека Харадинај зборува за косовска војска и северот на Косово, а очигледно нема никакво право на тоа: „Нема косовска војска да се шета по северот на Косово“, порача српскиот претседател.

На прашањето за коментар за молчењето на ЕУ по повод неодамнешниот упад со оружје на езерото Газиводе на северот на Косово, Вучиќ со ироничен тон кажа дека многумина од меѓународната заедница за тој потег на Приштина кажале дека е нормално косовскиот претседател да се движи каде сака.

„Нормално е тогаш и српскиот претседател да се движи каде сака, но мене тоа не ми беше овозможено... палеа сешто и тоа оние кои дадоа согласност за моето пристигнување, а кое беше пријавено во согласност со бриселските договори“, истакна Вучиќ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top