Вучиќ: Приштина ги прекрши постигнатите договори

Александар Вучиќ ги обвини властите во Приштина дека со посетата на косовскиот претседател Хашим Тачи на езерото Газиводе ги прекршиле Бриселскиот и Кумановскиот договор, како и Резолуцијата 1244 на ОН..

Тој истакна дека според договорот со НАТО, во северниот дел на Косово полициски сили може да влезат само во договор со НАТО и со согласност на локалните власти во оваа област, каде што мнозинството од населението се Срби. Вучиќ нагласи дека не му е познато дали НАТО им дозволил на специјалните полициски сили да влезат во областа, но оти претставници на локалните власти тоа не го дозволиле.

Според него, вчера на северот на Косово биле присутни меѓу 110 и 130 вооружени припадници на специјалните косовски полициски сили. Тие нема што да бараат на северот на Косово и Метохија со „долги цевки“, рече Вучиќ.

Тој потврди дека му издал наредба на началникот на Генералштабот на Војската на Србија, армијата да биде во состојба на највисока борбена готовност.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top