Вучиќ: Приштина година дена не може ниту да сонува независност, а и после тоа никаде не пишува дека ќе ја добие

Ние можевме да ја одржуваме таа позиција, да бидеме на пат кон Европа, да имаме пријателство со Русија и Кина на удобен начин, рече Вучиќ..

Позицијата на Србија воопшто не беше лесна. Никогаш не сме имале поддршка од САД. Белата куќа беше резервирана за Албанците и сите други кои се против Србија. Сите кои беа против Србите имаа поддршка од Белата куќа. Сега направивме простор за десетократни инвестиции, рече вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој рече дека пред состанокот во Вашингтон навестувал дека ќе има изненадувања.

– Нашите служби дојдоа до информации дека ќе има точки кои немаат врска со економијата, посебно оние кои за нас ќе бидат тешки, а имајќи предвид дека САД одамна го признаа Косово, рече Вучиќ.

Тој објасни дека до пред две години глобалната поделба на светот беше на Исток и Запад и дека во таква ситуација Србија била на европскиот пат. Како што рече, две најмоќни европски држави, Германија и Франција ја признаа независноста на Косово.

– Од друга страна ги имавме Русија и Кина кои ни беа релативно блиски, но не ја признаваа независноста, а економски и географски не ни беа толку блиски како земјите од ЕУ, рече Вучиќ.

Додаде и дека САД биле покрај ЕУ.

– Ние можевме да ја одржуваме таа позиција, да бидеме на пат кон Европа, да имаме пријателство со Русија и Кина на удобен начин, рече Вучиќ.

Според неговите зборови, денеска таа ситуација во светот неспоредливо се комплицира.

– Имате четири столици: ЕУ плус Германија, САД, Русија и имате голем број регионални играчи во различните делови од светот како Турција. Кога тоа сето ќе го имате во предвид, позицијата на Србија која се наоѓа на европскиот пат, воопшто не е лесна. Србија никогаш немала поддршка од САД во последните 30 години, до овој момент, објасни Вучиќ.

“Албанците зборуваат дека одат по признавање“

Вучиќ рече дека сите Албанци, и Хоти и Харадинај, сите албански лидери зборувале за тоа дека во Вашингтон одат по меѓусебно признавање.

– Го слушавме тоа и во Србија од ние кои не ѝ посакуваат на Србија ништо добро. Кога тоа го одбивме повеќе никој не зборуваше за тоа. Единствена тема беше дали сум седел, како сум седел. Во просторијата каде што седев стоеја Гренел и Кушнер. Тие стоеја додека ние седевме и тоа не беше проблем. Можев да бидам на итисон, на паркет, зошто знаев што правам. Се борам за интересите на својата земја. Беше тешко, со ноќи не спиев…Направивме добра работа за земјата, го зачуваваме достоинството и покажавме дека Србија може да биде почитувана во САД, рече Вучиќ.

Тој рече дека таму не отишле по големи победи.

– По нив се оди во војна. Ние сакавме мала победа, зошто тие се врзани за мир, за безбедност и сигурност, рече Вучиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top