Вучиќ: Путин ми се извини за Захарова

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, кажа дека рускиот претседател Владимир Путин лично му се извинил за неодамнешната објава на портпаролката на руското министерство за надворешни работи на Фејсбук..

„Ни претседателот Путин, а ни (рускиот министер за надворешни работи Сергеј) Лавров никогаш за ништо не се извинувале, а за Захарова се извинија“, кажа Вучиќ во интервју за РТС.

Вучиќ додаде дека со тој потег „еден од најмоќните луѓе во светот покажа што е пристојност и кажа дека зад таа објава не стои руската држава“. Истакна дека по руската реакција се гледа „колку Русија го почитува него лично, но и Србија и дека не е случајно што од рускиот претседател го добил Орденот на Александар Невски“.

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова на својот фејсбук профил постираше фотографија од Вучиќ седнат на столче пред американскиот претседател Доналд Трамп, со текстот: „Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да сте на испрашување, седите како на форографијата број 2, без разлика кој и да сте. Верувајте ми“.

Под фотографијата објави кадрирана фотографија од глумицата Шерон Стоун со прекрстени нозе од познатата сцена од филмот „Сирови страсти“.

Вучиќ постот го нарече „примитивен и вулгарен“, а набрзо следеа реакции и од други српски функционери кои постот на Захарова го сфатија како навреда за Вучиќ поради однесувањето при последната посета во Вашингтон.

По повеќе илјади споделувања на социјалните мрежи, во Србија следеше салва од реакции па министерот за одбрана Александар Вулин ја обвини Захарова дека го навредила српскиот претседател и сите кои Русија и Србија „ги бранат на потешки места од социјалните мрежи“.

„Непријателите на Србија и Русија денес се израдувани од ситната злоба на Захарова. Зад Вучиќ остануваат делата, зад Захарова злобата од која ќе се срами“, наведе Путин во писменото соопштение на српското министерство за одбрана.

„Големината на човекот не се мери според големината на столчето на кое седи ниту со големината на силата во чие име зборува, туку со големината на храброста на секое столче да ги брани својот народ и пријателите на својот народ“, порача Вулин.

Реагираше и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Марко Ѓуриќ, порачувајќи ѝ на Захарова да се засрами.

„За замислете тој претседател (Вучиќ) ниеден лош збор против Русија не кажал, дури ни на тоа место (Белата куќа). А замислете тој претседател кај рускиот претседател и по час и пол чекал за прием и никогаш не барал специјално столче. Јас нема да Ви дозволам да ја напаѓате гордата Србија. Да се засрамите!“, ѝ пораќа Ѓуриќ на Захарова преку Твитер.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top