Вучиќ си замина од Косово со порака дека нема решение за спорот

Вучиќ си замина од Косово со порака дека нема решение, а не е ни блиску до него. Не успеа да одржи говор во село Бање, како што сакаше, па им се обрати на Србите во Косовска Митровица..

Во својот долг говор Вучиќ го нарече Милошевиќ “голем лидер“ потсетувајќи на неговиот говор во Газиместан.

„Милошевиќ беше голем српски лидер, намерите секако му беа најдобри, но резултатите ни беа многу полоши. Не затоа што тој или кој било друг не сакал, туку затоа што желбите не беа реални, а ги занемаривме и потценивме интересите на другите народи“,  рече Вучиќ.

Со блокади на патиштата не му дозволија влез во селото Бање, а беше спречен и од косовската полиција која по наредба на владата му забрани да влезе во ова село кое е со мнозинско албанско население.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top