Вучиќ: Србија не можат да ја победат

Србија не дава да ја скршат, Србија не можат да ја победат, порача синоќа претседателот на Србија Александар Вучиќ во Ниш, пренесуваат српските медиуми..

Тој во обраќањето пред околу 20.000 луѓе во Ниш на манифестацијата на одбележување на двете децнии од почетокот на НАТО агресијата, за време на кое, како што пишуваат српските медиуми, повторно го совладале емоциите, потсети на настаните од пред 20 години и денес, кога, како што кажа, „тргнале да ја уриваат Србија“.

„Сакам да порачам од тука, што и да се случи, никогаш немојте нукому да дозволите да ја урне слободата и независноста на Република Србија! Никогаш!“, порача српскиот претседател.

„Пет години ја одбележуваме на вака величествен начин годишнината од агресијата на НАТО врз една мала, слободољубива и никогаш покорена земја. Горд сум на вас, драги граѓани на Србија, бидејќи вашиот слободен дух нѐ натера учејќи ги младите генерации за она што се случувало да не заборавиме дека иднината можеме да ја градиме само на таква основа, чувајќи ги слободата, самостојноста и независноста на Србија како највисоки вредности. Ви благодарам што Србија на гордоста и иднината е вечерва, тука со нас“, кажа Вучиќ.

На крајот, ги цитираше зборовите на Мартин Лутер Кинг – „Нема да ги памтиме зборовите на нашите непријатели, туку молчењето на нашите пријатели“.

„И единственото што имам да го додадам е дека тогаш, пријатели речиси и немавме. Им благодарам на оние што не беа против нас, но не ни помогна речиси никој“, потсети Вучиќ.

„Бевме соочени со најголемата воена сила во светот, со коалицијата на богатите и моќните, со 22.000 тони бомби и ракети, и со нивната јасна цел: да нѐ поразат, понижат и еден дел од нашата територија да му ја предадат на некој друг“, додаде српскиот претседател.

Порача и дека Србија не сака во НАТО и дека „нејзината воена неутралност е природен избор“.

„Сакаме да бидеме свој на своето и ништо повеќе, никому не му се закануваме, но Србија денес е десетпати посилна од 1999, и дваесеткратно посилна од 2008 година“, заклучи Вучиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top