Вучиќ: Во Брисел не се сигурни дека знаат што прават со нас

Македонија и Србија остануваат фокусирани во интеграциите за ЕУ..

Вака изјавија двајцата претседатели, Стево Пендаровски и Александар Вучиќ по средбата во Белград. Пендаровски рече дека ЕУ не треба да ја заборави важноста на интеграцијата на Западен Балкан. Вучиќ уште еднаш изрази незадоволство од ЕУ. Според него, Брисел не знае што бара од регионот и истакна дека пред последниот самит на ЕУ, го известил премиерот Зоран Заев дека нема да има датум за преговори за Скопје и Тирана.

“Не сум сигурен дали тие знаат што точно сакаат од нас. Јас ова му го кажав на Зоран во Нови Сад, кога вечеравме. Еди знаеше дека сум во право, но Зоран ме гледаше како да сум луд кога му реков дека нема да има преговори. Велеше дека му ветиле тој и тој. Кој ти ветил; нема да има преговори. Ова може да ви го потврди Зоран“-изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Двајцата претседатели го подржуваат Мини Шенгенот, и велат дека тоа е одлична иницијатива во која треба да се вклучат сите земји од Западен Балкан, а Вучиќ рече дека посакува и Косово да биде дел од ова иницијатива.

“Ние сме отворени и сакаме и Приштина да биде дел од ова. Го сакаме тоа и не го криеме. Сараево Подгорица, како сакаат. Тој што не сака да влезе во ова, за три години ќе видите дека тие две или три, пет и колку ќе бидат, ќе видите дека и тие ќе сакаат да влезат, бидејќи ние ќе имаме големи придобивки од ова“-нагласи Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Двајцата претседатели рекоа дека меѓу Србија и Македонија нема отворено прашање, освен разликите за статусот на Косово. Вучиќ и Пендаровски наведоа дека довербата меѓу двете земји и економската соработка  во последно време се зголемува.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top