Вучиќ: За Србија би било најкорисно ако постигнеме договор со Албанците

За Србија би било најкорисно доколку Србите и Албанците постигнат договор и доколку засекош ги решат своите проблеми, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ во авторски текст во белградскиот весник „Блиц“..

Вучиќ во текстот наведува дека е потребно да се надмине „паленечкиот менталитет“ и да се сфати дека дошло ново време, нова ера за целиот Блакан и за Србија, во кои секој може да добие нешто добро и да има полза.

Српскиот претседател оценува дека во регионот постои мит дека Србија е главен виновник за се и дека секогаш сака да војува и да се шири и да го освои Блакнаот на сметка на другите.

– Тука некаде е основниот проблем. Мојата политика е политика против митовите и вечните вистини, а од дуга страна се оние, и од лево и од десно, и квазинационалистите и квазиграѓанството, кои живеат со митовите и од нив. Матрицата е иста, пристапот е различен, но заклучокот е сепак ист, наведува Вучиќ.

Таквите структури, според него, го слушаат само тоа што сакаат да го чујат, а не тоа што навистино е речено.

– Тоа што јасно кажав дека сакам да освојуваме со лаптопови, знаење, книги и пенкала, и тоа не само Балканот, туку иднината, се занемарува, додава Вучиќ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top