Вулин: Пендаровски да не се меша во проблемот на Србија со Косово

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, му порача на претседателот на Северна Македонија да не се меша во внатрешните работи на Србија со Косово, и како што молчи за Голема Албанија, така нека молчи и за Србија..

„Пендаровски малку се прашува за иднината на Северна Македонија, но сака да се прашува за Србија. Како Србија ќе го реши внатрешниот проблем, не е тема за претседателот на Северна Македонија, нашиот јужен сосед“, изјави Вулин.

Вулин го повика Пендаровски да каже што мисли за идејата на Хашим Тачи и Еди Рама околу обединувањето на Албанците во Голема Албанија.

„Дали Пендаровски гледа дека на мапата на „Голема Албанија“ се ноаѓа пола Северна Македонија. Ако не ја видел мапата, нека му ја покаже претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој и пред камерата ја покажува. Ако молчи за Голема Албанија, нека молчи и за Србија“, вели Вулин.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top