Вулин: Пендаровски може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава

Како Србија ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, ќе одлучи Србија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша ниту некој ќе бара негово мислење, кажа српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, објави РТС..

Тој, како што објави РТС, реагира на изјавата на претседателот Стево Пендаровски за приштинскиот медиум „Газета експрес“ дека се противи на идејата за корекција на границата меѓу Белград и Приштина.

Вулин рекол дека Пендаровски во Македонија ретко кој го прашува за што било, а уште помалку е важно што мисли за прашањата во соседните држави.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара мислење од него ниту му го прифаќа мислењето“, рекол Вулин.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top