За европски Балкан и Србија во ЕУ, порача Ципрас

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, како домаќин на западнобалканската четворка, порача дека местото на Западен Балкан е во ЕУ..

Тој рекол дека регионот на Западен Балкан пред себе има нова и динамична перспектива, но дека е потребно да се има визија и верба во регионот и да се прават храбри чекори, понекогаш и против струиите.

„Само со такви чекори можеме да поставиме односи за европски Балкан, демократски Балкан, кој нема да биде загрозен од национализам, фобии, свртеност само кон себе, туку ќе биде ориентиран кон заедничка соработка“, рекол Ципрас на заедничката конференција во Солун.

Тој нагласил и дека годинава се донесени значајни одлуки во процесот за прием на Србија и Црна Гора во ЕУ.

„ЕК даде перспектива за прием во 2025 година, но имавме и одлука за почеток на пристапни преговори во 2019 година во лето за Албанија и за Поранешната Југословенска Република Македонија, по услов позитивно да се реши прашањето со името на таа земја. Важно е да се каже дека е непходен позитивен тон“, додал грчкиот премиер.

Ципрас го истакнал  фактот дека трите земји од балканската четворка членки на ЕУ го поддржуваат членството на Србија во ЕУ.

„Сметаме дека Србија е суштински член на европското семејство и наскоро тоа и ќе стане“, порача Ципрас.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top