За инает на Роналдо: „Седумката“ на Реал наскоро ќе има нов газда

Иако Кристијано Роналдо официјално уште е играч на Реал, раководството на европскиот првак интензивно работи на негова замена..

Шпанските медиуми тврдат дека на една од последните средби меѓу Роналдо и Флорентино Перес дошло до голема расправија на која биле изречени и навреди, а првиот човек на Реал порачал дека ќе направи се Португалецот многу брзо да биде заборавен. Веројатно тоа не може да се случи, но во иднина Роналдо нема да ја добие заслужената почит од клубот.

Една од мерките е тоа што неговиот дрес со број 7 многу брзо ќе добие нов газда и тоа ќе биде голема ѕвезда. Наводно, ќе ја чува за Еден Азар кој летово ќе го засили Реал Мадрид како ново ѕвездено засилување за “кралскиот клуб”. Во Челси, Белгиецот го носи дресот со број 10, но во Реал тој му припаѓа на Модриќ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top