За изборите на Косово ангажирани 5.500 полицајци и 30.172 набљудувачи

На изборите учествуваат 103 изборни листа.

Утринава, точно во седум часот почна гласањето за локалните избори во Косово и ќе трае до 19 часот на 2.366 избирачки места. Право на глас имаат вкупно 1.779.357 избирачи кои ќе избираат советници и градоначалници во 39 општини на Косов

Изборите  на Косово ги обезбедуваат повеќе од 5.500 полицајци, најави портпаролот на косовската полиција Брахим Садриу, во изјавите за приштинските медиуми.

Од Еулекс најавија дека припадниците на оваа меѓународна европска мисија ќе дадат логистичка поддршка на косовската полиција и на набљудувачите на организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), како дека Еулекс специјално ќе биде ангажиран во северно Косово, каде што е доминантно српското население, од кое значаен дела не прифаќа Србите да учествуваат на овие избори, како што иснистира официјален Белград во согласност со договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово постигнат во Брисел,

Локалните избори на Косово ќе ги следат 30.,173 набљудувачи коишто ги акредитираше Централната изборна комисија. На изборите учествуваат 103 изборни листа, од кои 38 се албански, 33 српски, а другите се листи на независни кандидата и на разни припадници на малцинствата.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top