За Кепа веќе постои клуб кој го посакува, а Челси има план за еден посебен голман

Проблематичниот голман на Челси има отворена понуда да замине од „Стемфорд Бриџ“..

За трансферот на Кепа во минатото, Челси успеа да плати 80 милиони евра, за да го направи овој голман светски рекорден трансфер кога се во прашање голманите.

Познато е дека Кепа имаше претходно проблем со Маурицио Сари, бидејки неколкупати одбиваше да излезе од игра кога Сари го побара тоа од него, но иако е тренерот променет, во Челси добро знаат колку е Кепа проблематичен.

Медиумите во Шпанија деновиве шпекулираат дека веќе се водат преговори за заминување на Кепа Аризабалага од Лондон и дека следната дестинација повторно би му била Примера, овој пат Валенсија.

„На Месталја сес свесни дека тешко можат да го откупат договорот на Кепа, но се расположени да платат одредена сума за двосезонска позајмица со право на откуп“, се пишува во изданието на Марка.

Доколку Кепа навистина се пресели во Валенсија, Марка пишува дека во тој случај во Челси би пристигнал Андре Онана од Ајакс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top