За кого ќе гласате ?

Фејсбук статус на Нестор Огинар.

Никој од "Скопските " новопечени политички бирократи , криминалци и паразити наконтени во "Армани "костуми и напарфемисани со "Шанел " парфеми чии што меки бели рачиња никогаш не ја почувствувале пресната Македонска земја нема морално право да го бара вашиот глас на овие наредни локални или било кои други избори.

После 27 години од неплодно владеење на сите досегашни партии, влади и коалиции , од сите тие недораснати, непрокопсани и размазени деца што носат маски на "Македонски политичари" , треба да знаете дека никој нема право да "преговара", " разговара" , " реферумдира" , " платформира " и "тргува" со името , идентитетот, јазикот, историјата и културата на МАКЕДОНИЈА што и припаѓа на оваа стара жена, оваа скромна и чесна домаќинка, оваа аристократка на македонската почва чии што вредни раце од памтивек со љубов и труд го хранеле , и ќе го хранат , родот свој Македонски.

Нека вашиот глас биде глас на ПРОТЕСТ против злото што владее во Македонија !


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top