За колку време Македонците испиле 10 милиони евра во „Златен даб“, „Газоза“ и „Крали Марко“?

Добивката на „Прилепска пиварница“ пораснала за 15 отсто во споредба со истиот период лани, продажбата на домашниот пазар е зголемена за 100 милиони денари односно за 100 милиони денари.

Фантастичен е резултатот на пиварницата за летната жега – од јули до септември продажбата пораснала за 10 милиони евра!

Македонските граѓани платиле 22,2 милиони евра за пива и сокови од „Прилепска пиварница“ во првите девет месеци годинава. Во споредба со лани приходите од продажба на најголемата домашно поседувана пиварница пораснале за 100 милиони денари (над 1,5 милиони евра) што укажува на довербата и имиџот на прилепската пиварница кај домашните потрошувачи, покажуваат официјалните податоци што ги објави пиварницата за првите девет месеци годинава..

Во споредба со лани приходите од продажба на домашен пазар се зголемени за 8 отсто идентично како и зголемувањето на приходите од продажба. Во структурата на продажби целосно доминираат приходите од домашниот пазар и изнесуваат 98,8 отсто од сите продажби на „Прилепска пиварница“.  Продажбите во странство изнесувале 16,8 милиони денари и во споредба со лани имаат минимален раст од 2 отсто. Значаен раст, иако има минорно учество во сите приходи, имаат останатите оперативни приходи кои се зголемени за 53 отсто и достигнаа 24,6 милиони денари.

Колку пораснале оперативните расходи?

Оперативните расходи на компанијата пораснале за 10 милиониде денари повеќе од приходите од продажба во првите девет месеци годинава.. Тие на крај на септември достигнале 1,237 милијарди денари и бележат раст за 118,8 милиони денари односно 11 отсто. Очекувано најголем раст на расходите има најголемата ставка –трошоци за суровини и други материјали која е и најголем трошок на компанијата. На крај на септември тие изнесуваат 557,8 милиони денари и се над 40 отсто од сите расходи на пиварницата. Нивното зголемување укажува на раст на зголемено производство и раст на пазарното учество на пиварницата. Оперативната добивка на пиварницата е 187,9 милиони денари и е 18 отсто повисока од лани. Овој податок укажува на тоа дека пиварницата го зголемува во континуитет своето пазарно учество, зголемувајќи ги продажбите и приходот што го остварува од основната дејност. 

Финансиските приходи многу поголеми од финансиските расходи

Финансиските приходи на пиварницата изнесуваат 25,86 милиони денари и учествуваат со 12 отсто во добивката на компанијата. Нивото на финансиски расходи е само 1,37 милиони денари што укажува на тоа дека компанијата има многу ниска кредитна изложеност. Тоа значи дека може, доколку одлучи, нови проекти да ги кредитира  со која било од деловните банки затоа што секоја би сакала клиент како „Прилепска пиварница“.

Добивката на „Прилепска пиварница“ за првите девет месеци изнесува 3,44 милиони евра и во споредба со лани е поголема за 15 отсто односно 457.000 евра повеќе.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top