За месец дена Марс ќе биде најблизу до Земјата во последните 15 години

За месец дена Марс ќе биде најблизу до Земјата во последните 15 години.

Појавата која не се гледа често со оглед на тоа дека последен пат е забележана во 2003 година, а сега се очекува да се случи на 23 јули.

– Како и сите планети во нашиот Сончев систем, Земја и Марс кружат околу Сонцето.Но, Земјата е поблизу до Сонцето и затоа е побрза во својата орбита. Земјата прави два круга околу Сонцето додека Марс за тоа време прави само едно патување. Така понекогаш двете планети се на спротивни страни од Сонцето, многу одалечени, додека понекогаш Земјата ја достигнува соседната планета и минува многу близу крај неа, објаснуваат експертите на НАСА.

Последен пат тоа се случило кога Марс излгедал како Месечината, но тоа е далеку од вистина затоа што Марс е двојно помал од Земјата и одалечен околу 55 милиони километри.

– За време на опозиција, Марс и Сонцето се наоѓаат на спротивните страни до Земјата, а од наша перспектива, Марс излегува на исток, а Сонцето на запад. Откако ќе остане на небото цела ноќ, Марс ќе зајде на запад додека Сонцето ќе излезе на исток. Со оглед на тоа дека Марс и Сонцето се појавуваат на различни страни, велиме дека Марс е во опозиција, објаснуваат од НАСА.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top