За многу години БАДНИК! Празник посветен на домот, семејството и предците

-Се верува дека на Божиќ небото се отвора и во еден момент се пали, но тоа сепак можат да го видат само праведниците..

На Божиќ човек може да си посака било што, бидејќи тогаш желбите се остваруваат.
Бадник не е само последниот ден од големите пости, туку и трепет исполнет со очекување да се роди Божјиот Син.

Бадник е и еден од најважните семејни празници. Тој е посветен на домот, огништето, но и на предците-роднини кои си заминале, кои исто така се сметаат за дел од семејството.

По старата традиција, пред да се нареди празничната трпеза на Бадник, господарот на куќата треба да го запали огништето со дрвце, наречено Бадниково дрвце велејќи: “Колку искри, толко пилиња, телиња и дечиња во овој дом!”.

Во искрите од огнот пак се гледа каква ќе биде годината. Колку повеќе искри има, толку богата ќе е жетвата, кравите ќе се помлечни, а свињите – подебели.

Затоа јадењата што се служат на трпезата имаат за цел да донесат плодност и среќа во текот на целата наредна година.

Празничната трпеза се става на слама на земјата во југоисточниот агол на собата под иконостасот. Бројот на јадењата треба да биде непарен, а најдобро 7 или 9, кои се свети броеви.

Ако сепак се прашувате која опција да изберете, имајте на ум дека колку повеќе има на трпезата, толку поголемо изобилство ќе Ви биде обезбедено за следната година.

Задолжително на масата треба да има храна која е посна.

На трпезата треба да го има сето она што се произведува во домаќинството: варено жито, варен грав, сарма, компот од сливи, кисели краставички, кромид, лук, мед и ореви, вино.

Во некои краеви се прави и зелник и мало лебче во кое е скриена паричка (на кого ќе се падне, ќе биде среќен целата година).



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top