За неговата лековитост се зборувало уште пред 3.000 години: Го лекува срцето, нервните клетки и коските!

Богат е со витаминот Ц, витамините од групата Б, калциум, калиум, железо, фосфор, магнезиум, бакар, манган…..

Внимание привлекува со упадливо сино-виолетовата боја, сјајната кора и специфичниот мирис. Меѓутоа, неговите адути се многу посилни, бидејќи модриот патлиџан е ризница од витамини и минерали, поради што за неговата лековитост се зборувало уште пред 3.000 години.

Богат е со витаминот Ц, витамините од групата Б, калциум, калиум, железо, фосфор, магнезиум, бакар, манган….

Сето тоа го прави пожелна намирница која го штити срцето, нервните клетки и коските, го нормализира крвниот притисок, ја напаѓа анемијата. Горките соединенија во црниот патлиџан го подобруваат варењето и ги ублажуваат грчевите во желудникот и цревата, а поради ниските калориски вредности препорачан е и за дебелите лица и дијабетичарите.

Значителното количество на пектин влијае на намалувањето на холестеролот. Освен тоа, црниот патлиџан содржи и сапонин, кој поседува антиалергиски, антиоксидативи, антиканцерогени и противоспалителни својства.

Истражувањата покажаа дека содржи и биофлавоноиди кои ги штитат клетките од оштетување и канцерогени заболувања. За да бидете сигурни дека во организмот ќе внесете свеж црн патлицан, обрнете внимание бојата да му е загасито виолетова, а петелката цврста.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top