За неподносливото лицемерие на Никола Груевски

Фејсбук статус на Нестор Огинар.

Во последното интервју за Канал 5, Никола Груевски , по кој знае кој пат , го покажа своето вистинско лице на политички, морален и физички кукавица криејќи се зад " народот" на кого што му остава да ја " брани" Македонија откако тој не успеа да го стори тоа за време на неговото повеќе годишно владеење!

Човекот кој што е најдиректно одговорен за процесот на албанизација на Македонија, за уривањето на принципите на унитарноста на државата, за нејзиниот безбедносен политички, морален , економски и демографски колапс е тој ист човек кој што со начинот на своето владеење го овозможи подемот на Зоран Заев , ги креира условите за "Албанската Платформа" , потпиша низа "договори" со свиткан р'бет под притисок на меѓународната заедница и никогаш не почувствува потреба да прифати и ронка политичка и морална одговорност за она што и се случува на Македонија.

Никола Груевски е најголемото зло што и се случило и на партијата ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија и ќе мора да одговара за сите негови злодела.

Еве го моето мислење за вистинското лице на „ПАТРИОТОТ“ и маската на „ВМРО-вецот“

Никола Груевски е класичен клинички пример на една несозреана личност, на еден компулсивен патолошки лажго со синдром на сериозно психо соматски нарушен карактер,кој што своите мегаломански фантазии и несигурност околу неговиот сопствен идентитет и како политичар , и како маж и како Македонец ги проектира преку маската на една привидна агресивност и лажен патриотизам што всашност открива длабока празнина во неговиот карактер и несигурност во себе самиот.

Следете ја линијата на неговите јавни ставови и настапи за последниве 10 и повеќе години од неговото владеење , неговите јавни изјави во врска со политичката состојба во Македонија, неговите ветувања , неговата предвидлива попустливост под меѓународниот притисок и ќе ви биде јасно дека се работи за една недооформена личност,случајно залутана во политиката преку што му е овозможено да го загади целото членство во неговата партија но за жал и целото Македонско општество.

Неговите најнови обиди очигледниот политички и морален пораз да го завие под маската на "Победа,успех и морален триумф" над опозицијата со неговата " доброволна саможртва за доброто на Македонија."
Неговата божемна критика на "Албанската Платформа" која што тој претходно ја прифати.
Неговите задоцнети критики кон меѓународната заедница , откако послушно го потпиша " Договорот во Пржино" и се согласи со формирањето на СЈО, се јасни симптоми на душевната, моралната и интелектуалната нестабилност на овој човек што преставува огромна опасност за иднината на Македонија и голем срам за светоста ,идеалите и угледот на ВМРО-ДПМНЕ , нашата државотворна партија , партија која што јас со гордост ја претставував во светот во деведесеттите години на минатиот век , партија во која што јас бев дел од Советот на Интелектуалци , партија за која се жртвуваа иљадници Македонски патриоти ширум светот за да потоа бидат заборавени, и од Љубчо и од Никола, партија која што тој Никола и неговото семејство ја узурпират повеќе од 10 години за да владее и со партијата и со државата по принципот на мафијата " Коза Ностра".

Партијата мора да се ослободи од овој човек и тие околу него.

Партијата мора да се осовремени со нови чесни , карактерни , искусни луѓе што имаат почит и љубов за Македонија .

Македонија мора час поскоро да се ослободи од влијанието на оваа негативна личност , и многу други , и да ја гради својата иднина со нови луѓе!



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top