За прв пат етнички Албанец влегува меѓу „тигрите“, ги спасувал пратениците од ликвидација

За прв пат етнички Албанец како специјалец на полициските сили влегува во единицата „тигри“, во која досега, како што пишува „Ина“, само Македонците во главно имаат ексклузивно право на членство..

Локман Селими ќе биде „награден“ на позицијата заменик-командант на „тигрите“ откако се жртвувал во обезбедувањето на пратениците на „крвавиот четврток“ на 27 април минатата година во Собранието на РМ.

Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, поднел предлог за вклучување на Локман Селими на раководна позиција во полициската Единица за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигар“.

Во специјалната полициска единица „Тигар“, 37 години од нејзиното формирање, ниту еден Албанец не е вработен.Локман Селими е ефектив на Специјалните сили на Македонија од Арачиново. 

- Тој е командант на една екипа на специјалните сили, кои ги спасија животите на пратениците вечерта на 27 април во Собранието на Македонија од насилството на хулиганите, без да прават разлика дали беа македонски или албански пратеници. Тој и тројца албански членови на оваа екипа беа повредени здобивајќи се со разни телесни повреди, пишува „Ина“ во објавениот текст.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top