За Талат Џафери има само еден план за Законот за јазици

Собранискиот спикер Талат Џафери нема да се води од политичките околности, туку работата на Собранието ќе ја води според Уставот, законите и деловникот, па во таа смисла ќе зависат и следните чекори.

Џафери рече дека тој не размислува за некакви договори, туку го спроведува Уставот и Законите. Во врска со ова прашање, претседателот на Собранието нема планови А, Б, Ц, Д… 

Претседателот на Собранието не мисли за никакви договори, туку спроведува Деловник и Устав, а договорите се работа на политичките партиите, рече Џафери одговарајќи на новинарско прашање при посетата на општина Тетово.

Тој им даде една недела одмор на пратениците, особено на тие од парламентарното мнозинство да ги смират страстите и да ја вратат соработката откако следеше разочарување што не дојде до обезбедување на кфорум за постапување по законот за албанскиот јазик при што исто така имаше обид да се „заобиколат“ 35 илјади амандмани поставени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која не се откажува од овие позиции.

Премиерот Заев потоа истакна дека владината коалиција е стабилна, законот за јазици штом биде обезбеден кфорум и надмината дебатата во Собранието заедно со сите можни подобрувања на истиот ако се потребни ќе биде изгласан во соодветната процедура и потврден откако еднаш беше вратен од претседателот Иванов кој не го потпиша првичниот указ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top