За влез во Грција и денеска се чека по два часа

За влез во Грција, на граничниот премин Евзони, и утрово се чекаше и по два часа, што значи дека „шпицот“ не помина вчера..

Колоните возила се речиси споени со македонската граница, а формалностите за влез во соседната земја се одвиваат бавно.

Од АМСМ, пак, известуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е од 10 до 20 минути. На „Табановце“, пак, се чека од 15 до 30 минути.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top