Зa Заев и Ципрас-иднина, за Мицкоски и Мицотакис- капитулација

За премиерите - иднина и успех, за опозициите - предавство и капитулација. Фактот дека опозициите во двете земји обвинуваат за отстапки, укажува дека нема губитник, туку двајца добитници, велат аналитичари..

„Да, за македонската иднина!“, порача премиерот Зоран Заев соопштувајќи дека со премиерот Ципрас постигнале фер-договор за решавање на дводеценискиот проблем, со компромисен предлог „Република Северна Македонија“ преведен на англиски и сите други јазици, и зачувување на идентитските одредници - Македонци, македонски јазик и кратенките МК и МКД.

„Нема веќе ФИРОМ“, рече Заев, и ја објасни предвидената динамика за имплементација на договорот, при што последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум. 

По два часа стигна одговор од најголемата опозициска партија. 
„Денеска е тежок ден за Република Македонија. Ова е се, само не достоинствено решение“, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на својот став: не прифаќаме уставни измени со цел промена на уставно име. Она што Заев се обидува да го претстави како епохален успех, е капитулација. Ако Зоран Заев се обиде  во парламентот на шверцерски начин да го протне овој договор, односно капитулација, треба да знае дека референдумот мора да биде задолжителен, а не консултативен“, рече Мицкоски. 

Тој јавно побара одговор: која институција е надлежна за потпишување ваков тип договори - Владата или претседателот? Притоа потенцираше дека неговатата партија се залага за членство во ЕУ и НАТО, но според резултати, а не според капитулации. 

Преговорите на Заев ги нарече „егзибиционистички“, а запрашан како ќе се изјасни на референдумот, Мицкоски децидно изјави дека ќе гласа против ваков договор. Тој најави дека заради ваквиот исход од преговрите ги откажал планираните патувања надвор од земјата и побара детални информации за договорот. 

Повеќе на Дојче Веле


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top