Заев: Адаптација на сите забелешки од Венецијанската комисија за Законот за јазици

Извештајот што Венецијанската комисија го даде за Законот за јазици се толкува различно од коалициските партнери во Владата, СДСМ и ДУИ.

Притоа се наведени и забелешки што се однесуваат во делот на судството и на казнените одредби, па премиерот Зоран Заев најави корекции на предложениот текст, во согласност со прецизните укажувања на експертите.

Комисијата е со мислење за напуштање на двојазичноста во судството оти може може да доведе до нарушување на правото за фер судење и препорача одложување на обврската за примена на албанскиот јазик меѓу државните службеници во меѓуинституционалната комуникација.

„Сите забелешки што се внатре ќе ги адаптираме. Министерството за правда ќе ги подготви измените по што уште еднаш ќе ги испратиме да кажат дали тоа е тоа и ќе го пуштиме во Парламентот“, најави денеска премиерот Заев.

Законот е „прочитан“ како одобрен од министерот Бујар Османи кој и лично присуствуваше на расправата на Венецијанската комисија. Дека е текстот е одобрен јави преку својот Фејсбук профил.

„Венецијанската Комисија штотуку го одобри извештајот за Законот за Јазици. Поздравена е пошироката употреба на албанскиот јазик. Комисијата смета дека употребата на двојазичноста во банкнотите и на униформите на војската е пракса во неколку земји и не е во спротивност со меѓународните норми. Омекнат е вордингот по однос на подготвеноста на администрацијата за двојазичност во судството со додавање на зборот МОЖЕБИ нема капацитети и бара флексибилност. Комисијат, исто така, смета дека глобите за непочитување на законот се превисоки и треба да се разгледаат“. напиша Османи на Фејсбук.

Од ВМРО-ДПМНЕ е велат дека Законот го оптоварува општеството и бараат почитување на мислењето на Комисија.

„Вакво законско решение го оптоварува општеството, го оптоварува движењето на документи, особено во судскиот дел. Ние сме за употреба на јазиците, но тоа да биде согласно законските норми и олеснување на комуникацијата низ институциите“, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Забелешки на забелешките на Венецијанската комисија испорача опозициската БЕСА. Од таму изразуваат несогласување со експертите кои Албанците ги нарекуваат втора мнозинска заедница. Нејзиниот претседател Билал Касами со порака со партиите на Албанците дека е крајно време еднаш засекогаш да се реши проблемот со албанскиот јазик.

„Албанскиот јазик треба запишан во Уставот како службен јазик наместо да се нарекува јазикот што го говори 20 отсто од населението“, нагласи Касами.

Законот за јазици беше донесен на почетокот на 2019 година. Во Собранието мина од вторпат по одбивањето на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов да го потпише указот во минатата година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top