Заев-Брнабиќ: Посетата на македонскиот Премиер на Србија е во вистинскиот момент

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, по средбата со нејзиниот македонски колега, Зоран Заев, изјави дека е постигнат прелиминарен договор за заедничка седница на владите на двете земји, која треба да се одржи кон крајот на февруари или поче.

На заедничката прес-конференција, Брнабиќ рече дека на состанокот, исто така, се дискутирало за конкретни проекти и соработка, на кои треба да се работи,за да се потпишат договорите  на таа заедничка седница.

Премиерката и  се заблагодари на Македонија за поддршката,   седиштето на Транспортната заедница на Југоисточна Европа, да биде во Белград.

“Се надевам дека ќе добиеме поддршка од ЕУ, што е значајна работа за нас”, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија и дава поддршка на Македонија за организација на Самитот на дигитализација следната година и е на располагање за било каков вид на помош за одржување на самитот, како и за сите други регионални иницијативи.

Брнабиќ посочи дека посетата на Заев е добар сигнал за сите  понатамошни проекти.

“Ова е добар сигнал кој покажува дека на крајот сите недоразбирања се решаваат со дијалог“ -рече Брнабиќ, и додаде дека посетата е вистински чекор кон понатамошен економски и трговски врски и зајакнување на пријателството меѓу двете земји.

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Белград изјави дека односите меѓу Македонија и Србија значат партнерство и добрососедски односи и дека евроинтеграцијата е надворешно-политички приоритет на двете земји. По разговорите со српската  премиерка Брнабиќ, Заев рече дека Србија и Македонија “сега и порано” ги поврзуваат многу заеднички прашања, што отвора потенцијал за понатамошна соработка.

Заев рече дека разговарал и за регионалната соработка  и потврди дека Македонија го поддржа предлогот, седиштето на Секретаријатот за транспорт во рамките на Берлинскиот процес да биде во Белград.

Се разговараше и за економската соработка, која беше оценета како добра, а премиерот Заев изјави дека Србија е третиот по големина трговски партнер на Македонија со размена од околу 700 милиони долари годишно.

Разговарано е и за состојбата на македонското и српското малцинство во двете земји.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top