Заев денес ќе се сретне со Ердоган и Јилдирим

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се сретне со турскиот премиер Бинали Јилдирим во рамки на неговата посета на Република Турција..

Двајцата премиери ќе имаат тет-а-тет средба, по ќе следува средба и на делегациите од двете земји, а закажана е и заедничка прес-конференција.

Во текот на денот Заец ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Турција, Исмаил Кахраман и со претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган.

Македонскиот премиер синоќа ја започна официјалната посета на Турција со обраќање пред преставниците на ТОББ, Сојузот на стопански комири и берзи на Турција. Тој истакна дека има можност за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Турција и нагласи дека целта е за неколку години трговската размена со Турција да биде една милијарда евра.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top