Заев денеска ќе ги „храбри“ историчарите

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе се состане со македонските историчари од мешовитиот комитет на експерти кој треба да најдат заеднички јазик со бугарската страна согласно договорот за добрососедство со Бугарија..

Во моментов жешки теми се идентитетот на револуционерот Гоце Делчев и средновековието откако последната средба на историчарите во септември беше оценета како неуспешна.

За деновиве најави средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, како и состанок со Мешовитата македонско бугарска експертска комисија, којашто ќе одржи состанок во пресрет на седницата на Советот на ЕУ за кога се очекува одлука за старт на преговори за членство со нашата држава.

- Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Овие денови ќе имам контакти со Бојко Борисов, нашите министри се во постојана комуникација. Бугарија ќе биде најгласниот поддржувач за отпочнување на преговорите со ЕУ. Јасна ми е дебатата и во Македонија и во Бугарија за нашиот револуционер. Во понеделник ќе имам состанок со комисијата, која пак на 15 октомври ќе има средба во рамки на комитетот. Да го отвориме патот за младите, за децата, за идните генерации, рече Заев на неодамнешната заедничка прес конференција со словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Тој укажа дека со постигнатиот договор се заокружени шест историски личносто и четири поглавја работи што се реализирале за две години. Верува дека ќе продолжат и понатаму да наоѓаат решенија низ билатералниот дијалог со пријателска Бугарија.

Додека бугарските власти се заканија со условени евроинтеграции, од тимот на македонската експертска комисија која преговара со бугарските историчари, велат дека средбите продолжуваат без разлика што ќе се случува на политичко поле со Бугарија. Драги Ѓоргиев кој го предводи македонскиот тим вели дека моментално се преговара за чествувањето на Гоце Делчев и проблемите околу македонскиот јазик кои неодамна произлегле.

„Реков дека нема да има жртви ниту на едната, ниту на другата страва, а доколку условно кажано има жртви историски на едната или на другата страва тогаш не е постигнат договор. Мора да бидат двете страни еднакво задоволни од тоа што ќе се постигне“, изјави Драги Ѓеоргиев од Комисијата за преговори со Бугарски историчари.

Седмиот по ред состанок кој се одржа во Софија од двете страни беше квалификуван како најбесполезен и најнеспокоен до сега. Ден по средбата, предводникот на македонскиот тим Драги Ѓеоргиев рече  дека таа поминала во тензична атмосфера, а клучен камен на сопнување бил средниот век и поимите кои ги користат бугарските историчари во нивните учебници за територијата на земјава.

Државниот врв, Вадата и Собранието на Бугарија одлучи да и даде поддршка на Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ, но со поставени „црвени линии“ кои ќе треба да се реализираат во текот на отворањето на поглавјата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top