Заев денеска се очекува да ја предложи реконструкцијата на Владата

Премиерот Зоран Заев денеска се очекува до Собранието да го испрати предлогот за новите министри. Собранието за овој предлог ќе расправа наредната недела..

Според последните изјави на премиерот, ќе бидат сменети вкупно 8 министри, заменици министри и 20-тина директори на јавни претпријатија.

,,Не повеќе од осум министри ќе бидат сменети, верувам дека до крајот на неделата ќе можам да ги соопштам имињата на новите, но и на тие што се менуваат. Паралелно со новите министри и заменици следува и разрешување на над 20 директори на јавни институции и ќе се именуваат нови”, изјави Заев пред неколку дена по заседавањето на Централниот одбор на СДСМ во Охрид.

Тој најави дека ќе има промени на раководни структури од партијата, но и од други, вклучително и од ДУИ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top