Заев: Димитров и Коѕијас не пееја во Охрид, ама се оптимисти

Премиерот Зоран Заев во емисијата 24 Анализа беше запрашан дали министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас во Охрид запејале како што Ивица Дачиќ му отпеа на неговиот грчки колега при приемот во Белград..

„Колку што знам двајцата министри не запеаја во Охрид, Димитров не е по пеењето како Дачиќ, но средбата помина во многу позитивна атмосфера и владее поголем оптимизам отколку претходно. Јас во наредните денови ќе имам средба со Никола, ќе разговараме за сите новитети и за начинот на кој треба да ги придвижиме процесите со Грција понатаму“, на шега одговори Заев.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top