Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски: „Горам од желба да кажам се, но кога ќе дојде време“

Заев вели дека ги знае сите детали и дека е целосно информиран во врска со истрагата за бегството на екс премиерот и екс опозициски лидер Никола Груевски во Унгарија..

-И јас и министерот на полицијата Оливер Спасовски гориме од желба да ги кажеме деталите од истрагата-рече Заев.

Како што нагласи, законот во земјава налага кога е на сила налог за апсење, истрагата треба да се заврши и дури потоа да се соопштат резултатите.

Истрагата се однесува на прашањето кој и како му помогнал на Груевски да на напушти Македонија.

Груевски имено доби политички азил во Унгарија, а неговиот пат до таму уште не е официјално познат.

Избега од земјата поради затворската казна која треба да ја издржува, поради неправилности при купување на луксузниот мерцедес за потребите на владата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top