Заев и Борисов заедно ќе го одбележат Илинден во Благоевград

Македонскиот премиер Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов утре во Благоевград заедно ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание, соопшти владината прес-служба..

Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.

Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top