Заев и Димитров на средба со Иванов, ќе се обидат да му кажат зошто договорот е добар за Македонија

Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов, кому ќе му го презентираат постигнатиот договор за спорот со името..

На средбата, Заев и Димитров ќе се обидат да му објаснат на Иванов зошто Република Северна Македонија е најдоброто можно решение и што добива Македонија со истиот.

Инаку, пред постигнувањето на договорот, од кабинетот на Иванов испратија остро соопштение со акцент на преговорите, а со чија содржина може да се види дека тој ќе се противи на потпишувањето евентуалното изгласување на договорот во Собранието.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top