Заев и Филипче во посета на болницата во Кавадарци

Претседателот на СДСМ и носител на листата во ИЕ 4, Зоран Заев и претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче беа во посета на болницата во Кавадарци, се наведува во партиското соопштение..

Пред се да изразам огромна поддршка на нашите лекари и здравствени работници кои пожртвувано и макотрпно 4 месеци се најактивно вклучени во борбата со пандемијата на КОВИД – 19 вирусот.

Вербата во здравствениот систем мора да ја дигнеме на повисоко ниво.

Справувањето со кризата зависи од сите нас подеднакво!

Уште еднаш сакам да упатам молба и апел до граѓаните - Да продолжиме одговорно да се однесуваме и да се заштитиме себеси, најблиските, нашите семејства и да им помогнеме на здравствените работници!

Само заедно можеме да ја надминеме кризата! Што побргу почнеме да ги почитуваме сите мерки на заштита толку побргу и кризата ќе ја оставиме зад нас.

Овие здравствени работници имаат семејства, деца, родители кои ги чекаат да се вратат дома час поскоро. Да им возвратиме на овие луѓе со почит кон пожртвуваноста која ќе значи редовно носење на маска, држење на дистанца од 2 м и редовна дезинфекција на рацете. Ете толку бараат нашите херои од нас!

Да, тие се хероите на денешницата и ја заслужуваат целата наша поддршка и почит.

Во изминатите неполни 3 години направивме многу во здравството. За да ни бидат лекарите и здравствените работници мотивирани да дадат максимум во борбата за животот и здравјето на нашите граѓанин ги покачивме платите во здравството за 40%. Вработивме 780 нови лекари и 1.000 медицински сестри.

Инвестираме во здравство кое ќе биде модерно е европско и кое ќе одговори на потребите на нашите граѓани. Бидејќи ние можеме уште повеќе, уште подобро!

Го подготвуваме здравствениот систем за можен втор бран на пандемијата, вложуваме 33 милиони во одделенијата за интензивна нега.

Продолжуваме со вработувања во јавно здравствените установи за да се јакнат капацитетите.

Секоја година ќе ги зголемуваме платите на здравствените работници и соработници до 10%.

Заедно можеме уште повеќе, уште подобро!

Заедно можеме да изградиме здравство по мерка на граѓаните!

Заедно ќе се справиме со кризата предизвикана од КОВИД-19 вирусот! Да бидеме и ние херои на денешницата, да ги почитуваме мерките!, рече Заев.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top