Заев и Касами разговарале за реформскиот пакет закони во Собранието

Во Владата попладнево заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на БЕСА, Биљал Касами. Од Владата за МИА изјавиле дека на средбата се разговарало за поддршка на реформскиот пакет закони во Собранието на Република Македонија..

Касами претходно денеска кажа дека средбата нема поврзаност со последните случувања и дека таа била договорена уште претходната недела

Тема на средбата, посочи дека се реформите и поддршка на реформскиот тек на Владата во Собранието, каде Движењето Беса има пет пратеници.

Прашан дали е можна коалиција со Владата, рече дека тоа е динамички процес и дека секогаш има можност за влез и излез, но во моментот тоа не е тема.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top