Заев и министрите денеска ќе оддржат заедничка седница со црногорската влада во Подгорица

Владите на Северна Македонија и на Црна Гора денеска во Подгорица ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница.

Како што соопштија од македонската влада, во делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев се и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески…

Премиерот Заев на вчерашната средба го запознал црнгорскиот колега Душко Марковиќ со актуелната политичка ситуација во земјава, која, спроед владата, со успешно спроведените избори за претседател на државата и со темпото на реформските процеси го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top