Заев и Рама за евроатлантска интеграција на регионот

Македонскиот премиер Зоран Заев синоќа во Скопје се сретна со неговиот албански колега Еди Рама, при што беа искажани заложби за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји и за обезбедување услови за евроатлантски интеграции на целиот регион..

Како што соопшти прес-службата на македонската Влада, Рама, кој во Скопје учествува на „Самит 100“, при средбата на премиерот Заев му честиташе за фер и демократски спроведените локални избори. 

Заев и Рама констатираа дека Македонија и Албанија имаат одлични политички односи, без отворени прашања и дека е тоа добра основа за интензивирање на соработката во насока на примена на европските стандарди, економска соработка, како и обезбедување услови за евроатлантски интеграции на целиот регион.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top