Заев: Илинденска Македонија ќe ни ги отвори вратите на ЕУ и НАТО!

Ако се постигне политички консензус околу предлогот, идната недела би се одржала средба со посредникот од ОН, Метју Нимиц, на која би била направена нацрт верзија на пакет-решението, најави премиерот Заев..

„Република Илинденска Македонија“ (на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Republika Ilindenase e Maqedonisë) е предлогот за кој премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас разговарале на маргините на Самитот во Софија. Во Клубот на пратениците во Скопје, на средба на државно-политичкиот врв, Заев за разговорите за пакет-предлогот денеска ги информираше претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети. На средбата присуствуваа и министрите за надворешни работи и за одбрана Никола Димитров и Радмила Шекеринска, и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

„Со ова име го зајакнуваме нашиот идентитет, а македонскиот Илинден е гаранција и за мултиетничка Македонија“, рече Заев, навраќајќи се на значењето на трите светли датуми - Илинден 1903 и 1944, и 8-ми септември 1991 година. 

„Илинденското востание било за социјални права и слободи и немаме никави територијални претензии кон ниту една соседна земја, вклучително и Грција. Потврдувам и јас, и мојот народ, дека немаме никакви територијални претензии и ги потврдуваме неменливоста на границите и почитување на наследството на грчкиот народ и на Грција“, рече Заев по средбата, истакнувајќи дека дека со тоа решение се прави целосно разграничување со регионот Македонија во Грција од секаков аспект. 

Повеќе на Дојче Веле


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top