Заев: Избори во јули, август не е возможно

Едно од можните сценарија за започнување на овогодинешната изборна кампања во најдобар случај може да биде јули, но можеби дури и подоцна, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на емисијата „360 степени“ во Алсат..

Тој рече дека доколку не се реализира во јули, во август е невозможно затоа што е празничен период, така што може терминот да се пресели во следниот период, како октомври-ноември.

Прогнозата на Заев следува откако пред две недели на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски беше постигнат консензуц дека не се возможни избори во предвидениот термин - 12 април. 

„Јули е едно од можните сценарија, август обично никогаш не се одржува…, извесни се и септември и октомври, како и редовните термини за изборите, тоа се крајот на ноември и декември, што се исто така соодветна опција“, најавува Заев.

Техничката влада, за која беше предвидено да трае само 100 дена, во моментов функционира со распуштено Собрание и поради тоа наместо законски решенија, се носат владини уредби со сила на закони.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top