Заев ќе им го даде на пратениците договорот со Бугарија да го разгледаат на затворена седница

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски имаше забелешка што македонските парламентарци воопшто не биле запознаени со содржината на договорот за добрососедство со Бугарија за разлика од нивните бугарски колеги..

На тоа во реплика премиерот Заев порача дека заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров е подготвен во вторник или некој друг ден да го презентира договорот на седница пред пратениците која може да биде отворена или затворена, но препорача да биде затворана заради тоа што документот се уште не е прецизиран. Вети и презентација на документот пред пошироката јавност пред да биде целосно дефиниран и потпишан.

На тоа се дополни претседателот на Собранието Џафери кој истакна дека не може да закаже пленарна седница пред да му се достават неопходните материјали, а потоа со гласање ќе се одлучи дали седницата ќе биде отворена или затворена. Вицепремиерот Османи, пак, посочи дека претседателот на Собранието бил консултиран за Планот „3-6-9“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top