Заев ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и ќе се сретне со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, соопшти владината прес-служба..

На денешната агенда на македонскиот премиер е предвидена средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Виетнам, Фан Бин Мин, како и кратка средба со премиерот на Непал, Шер Бахадур Деуба, на приемот по повод националниот ден на оваа земја.

Заев денеска ќе има и обраќање на конференцијата „Нов старт на Балканот“, во организација на УНДП.

Претседателот на македонската влада вчера имал средба со премиерот на Кралството Холандија, Марк Руте, кој дал поддршка на реформскиот процес што го почна Владата и ги поздравил чекорите што ги презема државата за градење на добрососедски односи и регионална соработка.

Руте истакнал дека Холандија останува силен поддржувач на Македонија во заложбите на нашата држава за постигнување на стратешките цели, членство во Европската Унија и во НАТО.

Заев на средбата посочил дека очекува есенва да се тргне условеноста на препораката за членство на Македонија во ЕУ, а следен чекор да биде датум за почеток на преговори.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top