Заев: Македонија цврсто чекори кон НАТО и ЕУ

Зоран Заев на синоќешниот предизборен централен митинг во Скопје изјави дека Македонија цврсто чекори кон НАТО и ЕУ.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на синоќешниот предизборен централен митинг во Скопје ги повика граѓаните масовно да излезат на локалните избори в недела и да гласаат за кандидатите на неговата партија за, како што рече, „да ја ослободат земјата од остатоците на криминалниот режим на ВМРО ДПМНЕ.

„Денес Македонија цврсто чекори кон НАТО и ЕУ“, додаде тој, најавувајќи и подобра соработка меѓу централните и локалните власти по изборите. Кампањата за првиот круг од изборите за градоначалници и општински советници завршува в петок.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top