Заев: Македонскиот јазик ќе биде официјален во комуникацијата со ЕУ

Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот официјален профил на Фејбук во пресрет на информативната кампања и референдумот за договорот со Грција и зачленувањето во НАТО и ЕУ..

Премиерот Заев нагласува дека со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки на Европската Унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територија на која живеат половина милијарда жители.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top