Заев: Ми се допаѓа идејата за преименување на аеродромот, но сакам да го слушнам мислењето на граѓаните

На Заев му се допаѓа идејата за преименување на аеродромот.

На прва ми се допаѓа идејата, но јас сум само еден од граѓаните на Република Македонија по вакви прашања, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев на новинарско прашање во врска со иницијативата за преименување на скопскиот аеродром во „Киро Глигоров“, што ја поднесе Дипломатскиот клуб-Скопје.

„Сакам да ги слушам внимателно граѓаните, нека се развие дебата. Ние стоиме на располагање да им служиме на граѓаните и да бидеме нивен сервис“, одговори Заев.

Опозицијата обвини дека Зоран Заев тргува со македонските национални интереси за лична корист и добивање политичка поддршка. Оттаму, намерата за преименување на аеродромот ја искоментираа како „последна во низата отстапки кои Заев ги презема на грбот на државата“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top