Заев му ја подари вратоврската на Ципрас

Премиерот Зоран Заев му ја подари вратоврската која ја носеше на потпишување на договорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас..

Откако министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас го потпишаа договорот при честитањето Заев ја извади црвената вратоврска и му ја подари на Ципрас. Грчкиот премиер никогаш не носи вратоврска, па и во Преспа беше беше облечен во кошула и костум, а подарокот од Заев го стави во џебот од костумот.

Потоа премиерите Заев и Ципрас, министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас, медијаторот Метју Нимиц, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, заеднички се фотографираа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top