Заев на одбележувањето на 11 Октомври: Оваа генерација има можност да биде дел од историјата што ќе се памети

Премиерот Зоран Заев во Прилеп беше на одбележување на празникот 11 Октомври, Денот на народното востание..

Заев присуствуваше заедно со градоначалниците на Прилеп и на Куманово Илија Јовановски и Максим Димитривски, кои во Прилеп организираа заедничка прослава на овој голем празник.

„Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Но, патриотизмот не завршува тука. Нашиот патриотизам, идните генерации ќе го почитуваат само ако им дадеме повеќе причини за тоа. Патриотизам е да ја осигураме иднината на нашата земја и нашите деца. Tука да создадеме можности за нашите синови и ќерки – во Македонија. Тоа e патриотизам. И затоа и денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро, и да го направи исчекорот за остварување на нашата стратешка цел во оваа фаза од нашата историја: Егзистенција за секого. Европски животен стандард. Осигурани граници. Безбедност. Стабилност. Признаен идентитет. Сето ова преку членството во НАТО, а потоа и членството во Европската Унија“, истакна премиерот Заев во своето обраќање во Прилеп.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top