Заев не гледа причина за растурање на коалицијата со Села

Зоран Заев уверува дека коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и БЕСА не и штети на владината коалиција, чиј дел е и партијата на Зијадин Села. Според премиерот и лидер на СДСМ единствен проблем може да биде самоиницијативното повлекување наАлијансата..

Аналитичарот Исмет Рамадани вели дека СДСМ и Алијансата немаат што да добијат од евентуалното излегување на Села од владата. Според него, ваквите политички конфликти можат да бидат плодни за самата владина коалиција.

„Сметам дека ова е реторика карактеристична за изборна кампањи, како онаа на Села. Не мислам дека работата ќе оди дотаму за Алијансата да излезе од владата. Напротив, оваа партија ќе остане во Владата. Во овој момент мислам дека СДСМ нема воопшто интерес да исклучи некого од владата бидејќи и недостигаат пратеници. И во минатото имало случаи на судир меѓу коалициските партнери – се сеќавам кога ПДП беше во коалиција со СДСМ, таа коалиција беше карактеризирана како конфликтна влада“, вели аналитичарот Рамадани.

Аналитичарот Џелал Незири смета дека по вториот круг на локалните избори, партијата на Села веќе нема да биде дел од Владата.

По изборите очекувам реконструкција на Владата, при што Алијансата за Албанците веќе нема да партиципира, вели Незири.

– Тоа е јавно демантирано.

– Во ред, ќе видиме па ќе зборуваме“, додава тој.

Заев заедно со претставниците на ДУИ ги посети Чаир и Гостивар и ги повика жителите да ги поддржат  кандидатите на ДУИ во вториот круг, Висар Ганиу и Невзат Бејта.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top